Визија и мисија

Центарот за стручно образование и обука (во натамошниот текст: Центар), е професионална јавна установа која обезбедува поддршка и развој на стручното образование и на сите субјекти заинтересирани за стручното образование во Републиката (социјални партнери, образовни установи, ученици, наставници и друго.)
    Мисија на Центарот е да обезбеди квалитетно стручно образование и обука кое одговара на потребите на пазарот на трудот, да придонесе за зголемување на стапката на вработеност на младите и да ја подобри ефективноста и конкурентноста на стопанството. 
  Својата мисија Центарот ќе ја остварува создавајќи претпоставки за воспоставување на флексибилен систем на стручно образование заснован на филозофијата на доживотното образование, што подразбира:
  • постојана и потполна застапеност на стручното образование на сите членови на општеството;
  • образование во услови и на начин кои во најголема мерка соодветствуваат со реалните потреби и со можностите на оние кои што учат и се во согласност со можностите и потребите на локалната средина;
  • ширење на можности за учење низ институционален, програмски и организациски плурализам во реализацијата на образованието и поврзувањето на формалното и неформалното образование;
  • обезбедување на квалитет и професионализам во реализацијата на стручното образование што подразбира општествена верификација на стандарди и за програмите и за институциите.
    Својата мисија Центарот ќе ја остварува, особено преку:
  • обезбедување на квалитет на средното образование и постојано следење и евалуација на резултатите на учениците, наставниците и училиштата;
  • обезбедување на подобра вертикална и хоризонтална подвижност на учениците во системот на средното образование и нивна натамошна проодност.;
  • задоволување на зголемените барања на економијата во поглед на оспособување  на кадрите за стекнување на нови компетенции (знаење, вештини, способности);
  • квалитетно поврзување на образованието и пазарот на трудот и создавање на пофлексибилни врски;
  • натамошно усвојување и иновирање на стандардите на занимањата и на образовните програми;
  • воведување на нови образовни програми;
  • задоволување на рамнотежата помеѓу општото и стручното образование;
  • обезбедување услови за стекнување дипломи и сертификати за квалификации усогласени со европските стандарди;
  • развој  на систем на стандарди на занимања, образовни стандарди, стандарди за институции и наставници;
  • реализација и усогласување на мрежата на средните стручни училишта со потребите на стопанството, пазарот на трудот и политиката на вработувањето;
  • обезбедување на различни извори на финансирање на стручното образование и друго.