Центарот за стручно образование и обука е основан со Одлука на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 87/06), како јавна установа во која треба да се усогласуваат и интегрираат јавните интереси и интересите на социјалните партнери во стручното образование и обука во Републиката и која ја координира соработката со меѓународните институции и организации во областа на стручното образование и обука (член 31 од Законот за стручно образование и обука „Службен весник на Република Македонија“ број 71/06 и 117/08).
Врз основа на член 32 од споменатиот Закон, Центарот врши стручни работи од областа на следењето, вреднувањето проучувањето, унапредувањето, истражувањето и развојот на стручното образование и обука, како и други работи во согласност со Законот, актот за основање и Статутот.
Центарот, особено ги врши следниве стручни работи:
- анализа и проучување на образовните системи, посебно на системите за стручно образование;
- анализа и проучување на структурата на нашиот систем за стручно образование и на одделните нивоа и видови на стручно образование;
- проектирање на нови системски и концепциски решенија за одделни нивоа и видови на стручно образование;
- иновирање на постојните и предлагање на нови решенија во одредени образовни компоненти (програмски, процесни, организациски, технолошки, кадровски, норамтивни и сл.).
- истражување на развојните трендови во стручното образование;
- истражување на пазарот на трудот;
- изготвување, следење и развој на стандард на занимања;
- развој на националната рамка на стручни квалификации;
- развој на образовни стандарди (образовни профили, наставни планови и програми):
- поддршка на социјалното партнерство на сите нивоа и во сите фази на планирањето, развојот и реализацијата на стручното образование;
- следење на реализацијата на наставните планови и програми;
- обука на наставниците по стручните предмети;
- советување, инструирање и менторирање на наставниците;
- соработка со меѓународни институции и друго.