Обуки

Посебни (стручни) обуки

Стручна обука на наставници, 14 и 15 Октомври 2011 година

На ден 14 и 15 Октомври 2011 година во СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа дводневна стручна обука за наставниците од машинската струка, на тема „3D Моделирање“.

Обуката беше реализирана на инициjатива на неколку средни стручни училишта од Македонија. На обуката учествуваа 21 наставник од 10 срeдни училишта кои работат по наставните програми компјутерско моделирање и конструирање и техничко цртање со нацртна геометрија и КАД .
Центарот за стручно образование и обука ја поддржа иницијативата и учествуваше во организација на обуката. На сите учесници им додели и потврда за учество на обуката.
Посебна благодарност до вработените на СОТУ„ Ѓорѓи Наумов“ – Битола кои овозможија одлични услови за успешна реализација на обуката.


Актуелности

 

На ден 07 и 08 Октомври 2009 година во Маврово, се одржа дводневна обука за дел од вработените во Центарот на тема “Вовед во водството“, со што практично отпочна реализацијата на “пакетот интервенции“ согласно Меморандумот за разбирање и соработка склучен помеѓу програмата на УСАИД за човеков и институционален развој и Центарот.

Обуката беше реализирана од страна на странскиот експерт Г-ѓа Ен Мари Кларк и домашниот експерт Г-дин Цветко Смилевски, а се однесуваше на неколку главни точки:

  • Зошто водство? (презентација со вежби),
  • Дали водачите се менаџери? (презентација со вежби)
  • Може ли водството да се научи? (презентација со вежби)
  • Влијанието и стиловите
  • Водството и водствените ситуации (тимови, промени, организациска култура)
  • Задавање на MBTI индикаторот на личноста
  • Личниот стил и Фидбек по MBTI (презентација, самопроценка, устен и писмен фидбек)
  • Водствени и менаџерски стилови
  • Самопроценка и сумарна оценка