Управен одбор на ЦСОО
Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука Скопје, согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 117/08, 148/09 и 17/11) е составен од девет членови именувани со решение на Владата на Република Македонија бр. 14-6195/5 од 04.10.2022 година, и тоа:
Состав
- Лидија Михајловска од Министерството за образование и наука;
- Анета Атанасовска од Занаетчиска комора на Македонија;
- Ирена Николов од Заедница на единиците на локалната самоуправа;
- Владимир Граматиков од Сојуз на стопанските комори на Македонија;
- Елизабета Јовановска Радановиќ од Центарот за стручно образование и обука;
- Сеадет Јусуфи од Центарот за стручно образование и обука;
- Аљбион Сулемани од Центарот за стручно образование и обука;
За Претседател на Управниот одбор е избрана Лидија Михајловска а за заменик претседател Анета Атанасовска.
Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 5 години.
Надлежности
Согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 117/08, 148/09 и 17/11) и Статутот на Центарот, надлежностите на Управниот одбор се:
- Донесува Статут на Центарот;
- Донесува Деловник за работа на Управниот одбор;
- Донесува Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места во Центарот и Правилник за пресметката на плати и други додатоци на вработените во Центарот;
- Распишува јавен оглас за именување на директор и заменик директор на Центарот;
- Врши интервју со пријавените кандидати за директор и заменик директор и врши избор од пријавените кандидати согласно законот;
- Врши разрешување на директорот и заменик директорот на Центарот;
- Донесува општи акти во функција на подобрување на работата на Центарот;
- Ја усвојува годишната програма за работа и го усвојува извештајот за работа;
- По предлог на директорот донесува годишен финансиски план и план за јавни набавки;
- Одлучува за прашања од материјално-финансиското работење во согласност со закон;
- Предлага годишен финансиски план и завршна сметка до Владата на Република Македонија;
- Одлучува во втор степен по приговори на одлуки на директорот на Центарот и одлуки на други тела и комисии;
- Врши други работи неопходни за функционирање на Центарот во согласност со позитивните законски прописи и Статутот на Центарот.
Совет на ЦСОО
Советот за стручно образование и обука е основан од Владата на Република Македонија со решение број 24-4409/1 од 03.08.2017 година.
Согласно решението, за членови на Советот се именувани:
- Снежана Костовска – Фрчковска од Министерството за образование и наука;
- Рејхан Садику од Министерството за образование и наука;
- Тања Танеска Лазаревска од Министерството за финансии;
- Фатмире Хоџа од Министерството за економија;
- Татјана Тасевска од Бирото за развој на образованието;
- Даниела Белимова од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
- Убавка Исијановска од СОНК;
- Ѓорѓи Петрушев од Стопанска комора на Република Македонија;
- Стефан Манчевски од Сојузот на стопански комори на Македонија;
- Ардита Дема Мехмети од Заедницата на единиците на локалната самоуправа;
- Ивона Кусакатска од Министерство за труд и социјална политика.
За Претседател на Советот е избран Даниела Белимова, а за заменик претседател Ардита Дема Мехмети.
Надлежности
Согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06 и 117/08) надлежностите на Советот се:
- Дава мислење за стратегијата за развој на стручното образование и обука;
- Му предлага на Министерството за образование и наука (во понатамошниот текст: Министерството), измени и дополнувања на Листата на стандарди на занимања за стручно образование и обука;
- Му предлага на Министерството национални квалификации и стандарди на занимања;
- Во соработка со општините до Министерството доставува предлог за развој на мрежата на установите за стручно образование и обука;
- Дава мислење за стандардите на занимање до Министерството и
- Дава мислење за стандардите за образовните профили и стандарди за струки до Министерството.