Документот може да го превземете тука:
Author: CSOO
Презентација – феријална практика
Презентација на Упатството за планирање, организација, реализација, следење и евидентирање на феријалната практика
Центарот за стручно образование и обука на 4.3.2020 година, во хотел „Порта“ реализираше средба со претставници од средните стручни училишта: СЕОУ „Гостивар“ – Гостивар, ОСУ „Дрита“ – Кичево, СОУ „Перо Наков“ – Куманово, СУГС „Сарај“ – Сарај, СУГС „Цветан Димов“, СОСУ „Илинден“, СУГС „Шаип Јусуфи“, СУГС „Лазар Танев“ – Скопје, СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес и СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, со цел да го презентира Упатството за феријалната практика.
Ова упатство е изработено од работна група со претставници од релевантни институции кои се главни чинители во стручното образование во РСМ, со поддршка на Проектот „Образование за вработување во Република Северна Македонија“ (E4E@ mk). Презентацијата на Упатството ја реализираа советниците од ЦСОО на македонски и на албански јазик.
На претставниците од училиштата им беа презентирани причините за воведување феријална практика, придобивките од феријалната практика, улогата на секој од чинителите вклучени во процесот, начинот на планирање, организација, реализација, следење и евидентирање на феријалната практика.
Упатството за феријална практика претставува солидна основа за понатамошните процеси за зголемување на квалитетот на соработката на стручните училишта со компаниите, особено за систематско развивање на Учењето преку работа кое во иднина треба да биде составен дел на секоја квалификација во формалното стручно образование.
Од страна на присутните од средните стручни училишта беа поставувани прашања како на пример: како е регулирано финансирањето на координаторите и менторите, понатаму како да се одвива феријалната практика во помалите места каде има недостаток на компании, како е регулиран делот со стопанствениците, односно дали ќе ги вработат кадрите коишто излегуваат и слично.
Советниците од ЦСОО дадоа одговор на поставените прашања и ги информираа дека одговорите се апсолвирани во Упатството, а исто ги информираа дека се добредојдени во Центарот за стручно образование и обука за консултации во секое време.