Органи и тела

Управен одбор на ЦСОО

Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука Скопје, согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 117/08, 148/09 и 17/11) е составен од девет членови именувани со решение на Владата на Република Македонија бр. 24-4404/1 од 03.08.2017 година, и тоа:
    Состав
  • Елена Неделковска Михајловиќ од Министерството за образование и наука;
  • Мирјана Алексевска од Министерството за труд и социјална политика;
  • Антони Пешев од Стопанска комора на Република Македонија;
  • Душица Перишиќ од Заедницата на единиците на локалната самоуправа;
  • Данела Арсовска од Сојузот на стопанските комори на Македонија;
  • Ардијана Исахи Палоши од Центарот за стручно образование и обука;
  • Аљбион Сулемани од Центарот за стручно образование и обука;
  • Бранко Алексовски од Центарот за стручно образование и обука и
  • Зоран Јовчевски од Центарот за стручно образование и обука.
    За Претседател на Управниот одбор е избрана Елена Неделковска Михајловиќ а за заменик претседател Душица Перишиќ.
 
    Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 5 години. 
 
 
    Надлежности
 
    Согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 117/08, 148/09 и 17/11) и Статутот на Центарот, надлежностите на Управниот одбор се: 
 
  • Донесува Статут на Центарот;
  • Донесува Деловник  за работа на Управниот одбор;
  • Донесува Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места во Центарот и Правилник за пресметката на плати и други додатоци на вработените во Центарот;
  • Распишува јавен оглас за именување на директор и заменик директор на Центарот;
  • Врши интервју со пријавените кандидати за директор и заменик директор и врши избор од пријавените кандидати согласно законот;
  • Врши разрешување на директорот и заменик директорот на Центарот;
  • Донесува општи акти во функција на подобрување на работата на Центарот;
  • Ја усвојува годишната програма за работа и го усвојува извештајот за работа;
  • По предлог на директорот донесува годишен финансиски план и план за јавни набавки;
  • Одлучува за прашања од материјално-финансиското работење во согласност со закон;
  • Предлага годишен финансиски план и завршна сметка до Владата на Република Македонија;
  • Одлучува во втор степен по приговори на одлуки на директорот на Центарот и одлуки на други тела и комисии;
  • Врши други работи неопходни за функционирање на Центарот во согласност со позитивните законски прописи и Статутот на Центарот.  

 

Совет на ЦСОО

Советот за стручно образование и обука е основан од Владата на Република Македонија со решение број 24-4409/1 од 03.08.2017 година. 
 
    Согласно решението, за членови на Советот се именувани:
  • Наташа Јанковска од Министерството за образование и наука;
  • Рејхан Садику од Министерството за образование и наука;
  • Тања Танеска Лазаревска од Министерството за финансии;
  • Фатмире Хоџа од Министерството за економија;
  • Татјана Тасевска од Бирото за развој на образованието;
  • Даниела Белимова од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
  • Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија;
  • Убавка Исијановска од СОНК;
  • Стефан Манчевски од Сојузот на стопански комори на Македонија;
  • Ардита Дема Мехмети од Заедницата на единиците на локалната самоуправа;
  • Маја Папатолевска од Министерство за труд и социјална политика.
    За Претседател на Советот е избран Наташа Јанковска, а за заменик претседател Ардита Дема Мехмети.

 

    Надлежности

     Согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06 и 117/08) надлежностите на Советот се:
  • Дава мислење за стратегијата за развој на стручното образование и обука;
  • Му предлага на Министерството за образование и наука (во понатамошниот текст: Министерството), измени и дополнувања на Листата на стандарди на занимања за стручно образование и обука;
  • Му предлага на Министерството национални квалификации и стандарди на занимања;
  • Во соработка со општините до Министерството доставува предлог за развој на мрежата на установите за стручно образование и обука;
  • Дава мислење за стандардите на занимање до Министерството и
  • Дава мислење за стандардите за образовните профили и стандарди за струки до Министерството.