Втора средба на тема Стручното образование и обука во РM

На 4.9.2017 година се одржа втората работна средба на тема „Стручното образование и обука во Република Македонија“ организирана од делегација на германското стопанство во Р. Македонија. Средбата се одржа на почетокот на учебната година и нејзината цел беше да се состанат различни групи на чинители и да дискутираат на теми поврзани со средното стручно образование. Делегацијата на германското стопанство во Македонија истакна дека планира, кон крајот на септември, да основа тело за стручното образование во кое ќе членуваат претставници од политиката, образованието и стопанството. Покрај претставници на приватниот сектор, на средбата учество земаа и претставници од македонското Министерство за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука како и заменик-амбасадор на Република Германија задолжен за економски прашања, г. Марко Акватичи.