Kick-off настан на програмата „Dual Training“ во Македонија, Скопје

На 27.9. 2017 година делегацијата на германското стопанство во Р.Македонија го организираше kick-off настанот по повод официјалниот почеток на програмата „Dual Training“. На настанот присуствуваа претставници од приватниот сектор како и претставници од државни и меѓународни институции, училишта, амбасади и фондации. Преку свои презентации учество земаа и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, германскиот амбасадор во Р. Македонија, неговата Екселенција г. Томас Герберих и претставничката од Германското министерство за економија и енергетика, г-ѓа Мартина Колберг. Програмата беше збогатена со презентации од претставници на компаниите ДММ Дрекслмаер, Маркарт и Костал, а настанот доби и значителна медиумска покриеност.

На овој настан еден од главните делови беше основањето на „Комисијата за стручно образование и обука“ која ќе биде координирана од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Комисијата, која се состои од претставници од приватниот сектор, образовните и државните институции, ќе служи како платформа за отворена и континуирана дебата на теми поврзани со средното стручно образование во Македонија. За време на настанот свечено им беа доделени сертификати на членовите на Комисијата за стручно образование и обука, а Комисијата во иднина ќе биде проширена и со нови членови.