Прва средба на Комисијата за средно стручно образование и обука

На 30 октомври 2017 година се одржа првата средба на Комисијата за стручно образование и обука која е основана од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Комисијата им нуди на сите засегнати страни платформа за постојана и транспарентна дебата на теми поврзани со средното стручно образование и обука во Македонија. Покрај претставниците на Делегацијата, учествуваа на средбата и заменик-амбасадорот на Република Германија, г. Марко Акватичи, како и претставници на компаниите EVN, Injection Moulding Prilep, Gentherm, Marquardt, Kostal, DMM Dräxlmaier и на Центарот за средно стручно образование обука

Kick-off настан на програмата „Dual Training“ во Македонија, Скопје

На 27.9. 2017 година делегацијата на германското стопанство во Р.Македонија го организираше kick-off настанот по повод официјалниот почеток на програмата „Dual Training“. На настанот присуствуваа претставници од приватниот сектор како и претставници од државни и меѓународни институции, училишта, амбасади и фондации. Преку свои презентации учество земаа и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, германскиот амбасадор во Р. Македонија, неговата Екселенција г. Томас Герберих и претставничката од Германското министерство за економија и енергетика, г-ѓа Мартина Колберг. Програмата беше збогатена со презентации од претставници на компаниите ДММ Дрекслмаер, Маркарт и Костал, а настанот доби и значителна медиумска покриеност.

На овој настан еден од главните делови беше основањето на „Комисијата за стручно образование и обука“ која ќе биде координирана од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Комисијата, која се состои од претставници од приватниот сектор, образовните и државните институции, ќе служи како платформа за отворена и континуирана дебата на теми поврзани со средното стручно образование во Македонија. За време на настанот свечено им беа доделени сертификати на членовите на Комисијата за стручно образование и обука, а Комисијата во иднина ќе биде проширена и со нови членови.

Втора средба на тема Стручното образование и обука во РM

На 4.9.2017 година се одржа втората работна средба на тема „Стручното образование и обука во Република Македонија“ организирана од делегација на германското стопанство во Р. Македонија. Средбата се одржа на почетокот на учебната година и нејзината цел беше да се состанат различни групи на чинители и да дискутираат на теми поврзани со средното стручно образование. Делегацијата на германското стопанство во Македонија истакна дека планира, кон крајот на септември, да основа тело за стручното образование во кое ќе членуваат претставници од политиката, образованието и стопанството. Покрај претставници на приватниот сектор, на средбата учество земаа и претставници од македонското Министерство за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука како и заменик-амбасадор на Република Германија задолжен за економски прашања, г. Марко Акватичи.